Виктор Божиновски си поднесе оставка во Куманово

Резултатската криза на Куманово покрај со тренерска смена кулминираше и со промена на чело на клубот, откако досегашниот претседател Виктор Божиновски реши да си замине од функцијата. Дел од навивачите во последниот период бараа оставка од Божиновски, кој по последниот пораз од Тирана преку соопштение до јавноста објави дека се повлекува од функцијата, која во иднина ќе ја извршува досегашниот спортски директор, Младен Давидовиќ.

Почитувани,

            Пред 7 години, кога го превземав раководењето со Кошаркарскиот клуб Куманово, се работеше за клуб кој после 9 години пауза во функционирањето и само една сезона одиграна во Втората кошаркарска лига беше шампион и стана нов член на елитното друштво во македонската кошарката. Во овие години, КК Куманово 2009 стана угледен и респектиран клуб, како на македонската, така и на меѓународната кошаркарска сцена. Во овој период КК Куманово 2009 два пати играше финале на Македонската кошаркарска лига, еднаш Финале на Купот на Македонија и еднаш Финале на Балканската БИБЛ лига, успеси кои заслужуваат почит. Секако, веројатно можеше и повеќе и подобро, но сепак од спортски и човечки аспект апсолутно сум задоволен од сите успеси во овие години.

            Денес, после се ова, одлучив да поднесам ОСТАВКА од местото Претседател на КК Куманово 2009 од причина што сметам дека го дадов својот максимум на ова  место и дека дојде време свој придонес во кошарката да дадат и некои нови ентузијасти во овој спорт. Во наредниот период оваа функција ќе ја извршува г-дин Младен Давидовиќ, досегашниот спортски директор на клубот.

            На крајот, сакам да изразам благодарност на сите спонзори кои овие години го помагаа клубот и на главниот покровител на клубот Општина Куманово.

            Со почит,

            Виктор Божиновски

Се вчитува...