Вил Смит до Хамилтон: Пушти ме да возам место тебе, никој нема да види

Вил Смит важи за близок пријател на Луис Хамилтон, па холивудската ѕвезда не се срамеше да побара услуга – да добие дозвола од Луис Хамилтон да вози наместо него на трката во Абу Даби.

Познатиот актер и пејач објави видео од „молбата“ до Ф1 шампионот, потенцирајќи му на Хамилтон дека титулата е веќе негова и трката не е од преголема важност за Британецот.

„Ова ми е единствена шанса во животот, а ти веќе си победник. Ти си црн, јас сум црн, никој нема ни да ја забележи разликата“ -му кажа Смит на Хамилтон, по што следеше одговорот: „Подобро ти е да победиш“.

Болидот на Мерцедес прв мина низа целта на денешната трка, а останува дилемата дали возеше Хамилтон или Вил Смит.

Се вчитува...