Виљареал броеше до пет против Леванте, Барди и компанија ја продолжуваат црната серија во Ла Лига (ВИДЕО)

Виљареал со 5-0 убедливо го победи Леванте во 19. коло од шпанската Ла Лига, па по овој меч Барди и компанија ја продолжуваат и понатаму црната серија во Шпанија. Булај Диа го отвори мечот уште во 8. минута, а веќе во 13. минута Пау Торес донесе водство од 2-0 за „жолтата подморница“. На пауза се замина со високи 3-0 за домаќините, а стрелец на голот беше Жерар Морено 37. минута.

Во вториот дел домаќините рутински ја заверија првата победа во оваа 2022 година, а убедливиот триумф го донесоа Ману Тригуерос во 74. и повторнно Жерар Морено, кој уште еднаш се запиша во листата на стрелци во 79. минута.

По оваа победа Вињареал се наоѓа на 8-та позиција со 28 освоени бода, додека Леванте и понатаму е бетониран на последното место со само 8 поени.

 

Се вчитува...