Вилдоза се збогува со Црвена Звезда: Звездаши ви благодарам!

Аргентинскиот репрезентативец Лука Вилдоза од денеска и официјално е нов кошаркар на Панатинаикос. Во редовите на „зелените“ доаѓа од Црвена Звезда каде помина една сезона во која белградскиот тим не успеа да ја продолжи доминацијата во АБА.

Миленикот на навивачите на Црвена Звезда по објавата на новиот клуб се збогува во „звездашите“ објавувајќи порака на социјалните мрежи.

„Беше задоволство да го претставувам и носам црвено-белиот дрес оваа сезона. Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи, луѓето во клубот и навивачите за неверојатната поддршка во текот на целата сезона. Поради вас се чувствувам посебен. Без сомнение оваа сезона ќе има посебно место во моето срце.

Звездаши, ви благодарам за се“, напиша Вилдоза.

Се вчитува...