Вили Хернангомез се враќа во Европа

Шпанскиот кошаркар Вили Хернангомез се повеќе размислува за враќање во европската кошарка. Њу Орлеанс ја одби тимската опција како би можела да го задржи МВП-то од претходниот Евробаскет во своите редови, па 29-годишниот кошаркар ќе може без ограничување да го бира својот нов клуб.

За Хернангомез постои интерес од неколку европски клубови, но прв на листата за негова нова дестинација е Панатинаикос на чија клупа е Ергин Атаман кој сака да го види во своите редови. „Зелените“ летово не жалат пари за да состават шампионски тим, а шпанскиот ас дефинитивно би помогнал во остварување на таа цел.

Покрај Панатинаикос, за неговите услуги се заинтересирани и Фенербахче и Реал Мадрид. Пред Њу Орлеанс тој играше и за Шарлот и за Њујорк во НБА лигата.

Се вчитува...