Вилијан го откачи Челси, ги пакува куферите за Барселона

Вилијан ги игра последните месеци во дресот на Челси, откако бразилскиот интернационалец веќе ја соопштил својата одлука за заминување на раководството на лондонскиот клуб. Крилниот офанзвец е стандарден првотимец кај Френк Лампард, но веќе влезе во последните шест месеци од договорот и јасно стави до знаење дека нема намера да ги прифати условите на „сините“.

Проблем претставува клупската политика, според која Челси инсистира на фудбалерите повозрасни од 30 години да им нуди продолжување на соработката само за една сезона. Тоа е неприфатливо за Вилијан, кој веќе има понуди за тригодишни договори од неколку квалитетни клубови. Во преден план е Барселона, која според одредени медиуми веќе и ги договорила личните услови со овој фудбалер, за тој во јули да се пресели на „Камп Ноу“.

Барса понуди 20 милиони евра за Вилијан во јануари, но откако Челси одби каталонскиот гигант не сакаше да испрати понуда понуда, во ситуација кога по шест месеци би можел без никаква отштета да го доведе Бразилецот во својот табор.

Се вчитува...