Вилијан го суреди Тотенхем на Мурињо

Жозе Мурињо со Тотенхем го пречека поранешниот свој клуб Челси и загуби од ученикот Франк Лампард со 0-2. Бразилецот Вилијан беше човекот на одлука на овој дуел, по кој Челси ја прекина низата порази и со 32 бода се наоѓа на четвртото место на табелата во Премиер – лигата.

Вилијан со фантастичен удар донесе водство во 12.минута, а пред крајот на првиот дел беше досуден пенал за „сините“ од „Стемфорд бриџ“ по несмасната карате-реакција на голманот Газанига над Маркос Алонсо. Повторно Вилијан беше стрелец од белата точка и Челси замина со два гола предност на полувреме.

Во вториот дел, Хјонг – Мин Сон доби црвен картон, повторно со асистенција од ВАР-собата и тоа беше крај на надежите на Мурињо и на Тотенхем дека можат да го избегнат поразот.

Се вчитува...