Вилијан кажа збогум, Арсенал заштеди 24 милиони фунти

Арсенал се ослободи од уште еден скапо платен фудбалер што не беше дел од плановите на Микел Артета, откако Вилијан го напушти лондонскиот клуб и се врати назад во татковината. Коринтијанс ќе биде новиот клуб на бразилскиот крилен офанзивец, кој се согласи да се врати во клубот каде ги направи првите фудбалски чекори, иако тоа значеше намалување на платата за 70% во однос на она што го заработуваше во Арсенал.

Вилијан, кој минатото лето дојде во Арсенал како слободен играч од Челси, пријатно ги изненади и „топчиите“ решавајќи да го раскине договорот со клубот на своја штета. Вообичаена пракса во вакви ситуации е клубот да исплаќа дел од платата на играчот во новата средина, но Вилијан решил целосно да расчисти со Арсенал.

„Топчиите“ со ваквиот гест на Бразилецот заштедија 24 милиони евра, сума што инаку ќе требаше да му ја исплатат до крајот на договорот, кој истекуваше во јуни 2023 година.

Се вчитува...