Вилијан ќе остане во Челси и по истекот на договорот

Премиер – лигата е во прекин поради коронавирусот, нема да се игра фудбал во Англија најмалку до 30.април, а неизвесно е и кога и дали ќе продолжи шампионатот. Поради пандемијата на Covid-19 ситуацијата дополнително се компликува и со истекот на договорите на фудбалерите, на крајот од јуни.

Бразилецот Вилијан вели дека ќе остане во Челси и по истекот на договорот, доколку сезоната се уште се игра. Тоа е најмалку што може да направи за сите убави моменти кои ги поминал на „Стемфорд бриџ“.

„Според договорот, првиот ден од јули нема да бидам играч на Челси. Не знам како ќе биде тоа регулирано, но јас сакам да ја завршам сезоната со тимот. Лојалноста е најмалку што можам во овој момент да направам за Челси по сите убави мигови што ги поминав во клубот. Тие се однесуваа фантастично, јас сигурно ќе возвратам идентично“, вели Вилијан.

Бразилецот е во преговори со Челси и за продолжување на соработката. Тој бара тригодишен договор за да остане и понатаму на „Стемфорд бриџ“, а клубот засега му нуди опција за две сезони.

 

 

Се вчитува...