Вилијан најблиску до преселба на „Олд Трафорд“

Бразилскиот интернационалец Вилијан ќе го напушти Челси по завршувањето на сезоната откако ја одби и последната понуда на клубот за да остане на „Стемфорд бриџ“. Неговиот агент Киа Јорабчиан го информираше раководството на лондонскиот клуб дека на Вилијан му е потребен нов предизвик по седумте години поминати во Челси.

Многу веројатно е дека Бразилецот ќе остане во Премиер – лигата и ќе ја прифати понудата на Манчестер Јунајтед. Менаџерот Оле Гунар Солскјер имал разговори со Вилијан и му објаснил дека на него смета како големо засилување. Ќе добие и поголема годишна плата од досегашната во дресот на Челси.

За Вилијан се интересираат и Барселона, Реал, Мадрид, Пари Сен Жермен, Арсенал и Тотенхем, со оглед дека е слободен агент, клубовите не треба да плаќаат отштета за трансферот, а ќе добијат одличен офанзивец.

 

Се вчитува...