Вилијан: Не бев среќен во Арсенал, морав да се вратам дома

Бразилскиот интернационалец Вилијан по само една сезона помината во Арсенал го напушти клубот и се врати во својата татковина каде ќе го носи дресот на Коринтианс, клубот каде ја започна професионалната кариера.

Триесетитри годишникот на „Емирати“ пристигна по завршување на договорот со Челси, но не ги исполни очекувањата. За „топџиите“ одигра 37 натпревари во сите конкуренции, а постигна само еден гол. По заминувањето од Лондон тој изјави дека не бил среќен во редовите на „црвено-белите“.

„Долго време ја разгледував оваа опција заедно со мојата фамилија и блиските. За жал, моето време поминато во Арсенал не беше добро. Не бев среќен со клубот. Не сакам да влегувам во детали, но едноставно не бев среќен и мислам дека враќањето во Бразил беше вистинската опција. Разгледував и други опции, но сакав да се вратам во Коринтианс, во мојот дом, да бидам блиску до мојата фамилија. Тоа е клубот кој ме претстави на светот. Ова е вистинско време за враќање назад“, изјави Вилијан.

Се вчитува...