Вилјареал го бара „херојот“ на Србија

Херојот на Србија кој ја однесе селекцијата на Мундијалот во Катар, Александар Митровиќ има понуда од Вилјареал. Митровиќ има одлична сезона во Фулам и во репрезентацијата, која со голот во Лисабон ја пласираше директно во Катар. Вилјареал е подготвен со понуда од 16 милиони евра.

Сепак, лондонскиот тим не сака така лесно да се откаже од неговите услуги, па за него ќе бара повеќе пари.

Митровиќ со 27 гола е прв стрелец на Чемпионшип, а Вилјареал ќе биде само еден од многуте тимови кои ќе се обидат да го купат.

Се вчитува...