Вилјареал ја изненади Севилја (ВИДЕО)

Вилјареал ја совлада Севилја со 1-2 во претпоследниот натпревар од 17. коло во шпанската Ла лига. Гостите поведоа со 0-1 со голот на Раул Албиол во 13. минута, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел домаќините израмнија преку Ел Хадади во 62. минута, а злато вредните три бода за „жолтата подморница“ ги донесе Екамби со гол во 74. минута.

Со поразот Севилја го губи чекорот со водечките Реал Мадрид и Барселона бидејќи останува на 31 бод, односно четири бода помалку од првопласираната Барселона која има натпревар помалку, и три бода од Реал Мадрид кој има два натпревари помалку од Севилја. Вилјареал со победата се искачи на 13. место.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...