Шпанскиот прволигаш Вилјареал во наредните најмалку три седмици ќе биде без услугите на напаѓачот Карлос Бака. Колумбискиот интернационалец го повреди бутниот мускул на натпреварот против Атлетико Мадрид. Тој мина само 12 минути на теренот. Влезе како резерва во 64.минута, а во 76.минута се здоби со непријатна повреда откако излезе ’еден на еден’ со противничкиот голман Јан Облак и се обиде да шутира со рабона.
Бака ќе замине на детални лекарски прегледи, но јасно е дека ќе мора да паузира одреден период поради сериозноста на повредата.
Вилјареал и Атлетико Мадрид одиграа 1-1 во рамките на деветтото коло од Ла Лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА