Вилјаш-Боаш останува тренер на Олимпик Марсеј

Андреш Вилјаш-Боаш последните неколку денови беше поврзуван со заминување од Олимпик Марсеј. Откако Андони Зубизарета ја напушти функцијата спортски директор се очекуваше по неговите чекори да тргне и португалскиот стратег. Сепак, тоа нема да се случи, а Вилјаш-Боаш и во следната сезона ќе го води клубот од „Велодром“.

„По неколку состаноци минатати неколку дена со сопственикот на клубот Френк Меккарт и претседателот Жак Ерадом, Андре потврди дека сака да ја продолжиме соработката и следната сезоната“, стои во соопштението од клубот. 

Вилјаш-Боаш на клупата на францускиот прволигаш седна минатото лето, а клубот го водеше до второто место во Лига 1.

Се вчитува...