Вилшер: Сериозно размислувам за пензија…

Некогаш големата надеж на Арсенал и англиската репрезентација, Џек Вилшер не ја отфрла можноста да замине во пензија со само 29 години. Играчот за врска кој поголемиот дел од карирата ја помина покрај терените поради повреди во моментот е слободен играч и нема понуди за соработка.

Во разговор за медиумот ‘The Athletic’ поранешниот играч на „топчиите“ кој подоцна го носеше дресот и на Бурнемут и Вест Хем беше отворен за своите размислувања.

„Сериозно размислувам за пензија. Кога си во некој клуб и постојано тренираш па и доколку не си во опција за дел од тимот, кога ќе станеш од спиење размислуваш, ‘Добро денеска ќе дадам се од себе на тренингот да му докажам на тренерот дека заслужувам да бидам дел од следниот натпревар’, а јас го немам ниту тоа“, вели Вилшер кој потоа додаде…

„Јас станувам наутро и мислам, ‘Добро денеска треба да најдам некое место за тренинг’. Често тренинзите ги одработувам сам. Тренирав со клуб во претсезоната, но не добив договор па тешко ми е да најдам мотивација. Прашањето кое често си го поставувам во моментот е: ‘За што ли тренирам?’

Се вчитува...