Вини Џуниор го скрши отпорот на Севилја – Реал Мадрид ја зголеми предноста на врвот на табелата

Реал Мадрид стигна до десетата победа во Ла Лига откако славеше во дерби дуелот против Севилја со 2-1. Гостите беа оние кои го отворија натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ во 12. минута преку Мир, но мадридскиот клуб во продолжението успеа да стигне до целосен преврт. Бензема стрелаше во 32. минута, а победата ја донесе Винициус Жуниор на три минути пред крајот на регуларниот дел.

Со овој триумф Реал Мадрид направи дополнителна предност на врвот на табелата и сега има четири бода „вишок“ во однос на второпласираните Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад, но со потстетување дека овие вторите имаат и натпревар повеќе.

Севилја пак со победа можеше да стигне и до врвот на табелата, со бод и на второто место, но по 14. одиграни натпревари мора да се задоволи само со четвртото.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...