Винисиус заплака на пресконференција: Не сакам да гледам како патат црнците (ВИДЕО)

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор не успеа да ги смири емоциите и заплака на пресконференција за медиуми откако доби прашање поврзано со расизам.

Бразилецот веќе подолго време е мета на расистичко навредување на фудбалските терени ширум Шпанија, а целата ситуација ескалира на средбата на „Местља“ против Валенсија во пролета 2023 година кога нимислите сцени го заобиколија светот.

„Жал ми е, но сакам само да играм фудбал. Не сакам да гледам како патат црнците“, започна Винисиус.

„Никогаш не размислував за заминување од Шпанија бидејќи тоа ќе значи дека расистите го добиваат тоа што го сакаат. Нема да заминам од најдобриот клуб на светот. Ќе останам силен бидејќи имам поддршка и од претседателот и од клубот. Вербалниот расизам не се случува само во Шпанија, туку и во целиот свет. Секој ден се повеќе се разочарувам.

Сигурен сум дека Шпанија не е раситичка држава, но има многу расисти и тие се на стадионите. Мора да се промениме бидејќи многу од нив и не знаат што е расизам. Ме навредуваат поради бојата на кожата и така ме тераат да играм лошо. Можам да им кажам многу работи, но јас нема да им одговорам. Се надевам дека еден ден ќе можам да отидам на стадион и да не размислувам за тоа што може да се случи“

Се вчитува...