Винициус: Пресреќен сум… Ова е моја вечер за паметење

Младиот 19-годишен Винициус без сомнение долго ќе го памети вечерашното „Ел Класико“ и триумфот од 2-0 на неговиот Реал Мадрид против Барселона. Винициус во 71. минута донесе водство за Реал од 1-0, кое во финишот беше дуплирано со голот на Мариано Дијаз.

„Пресреќен сум… Не знам што да кажам. Ни беше неопходно едно вакво враќање, и сега со далеку поголеми мотиви продолжува во битката за титулата. Иако има уште многу да се игра, факт е дека добивме крилја по една ваква победа. Мора да кажам дека ова е моја најдобра вечер во дресот на Реал Мадрид која никогаш нема да ја заборавам“ – истакна Винициус по дуелот на „Сантијаго Бернабеу“.

Винициус стана и најмладиот стрелец на „Ел Класико“ во 21. век, надминувајќи го Лионел Меси.

Се вчитува...