Висам Бен Једер доаѓа во Јунајтед како замена за Лукаку

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед размислува за ангажман на Висам Бен Једер, напаѓачот на Севилја, како замена за Ромелу Лукаку. Менаџерот Оле Гунар Солскјер верува дека Бен Једер би бил одлично решение за навалната линија и подготвен е да ја активира отштетната клаузула вредна 40 милиони евра.

Лукаку е пред заминување во Интер, најверојатно на двегодишна позајмица, а Бен Једер чека знак за да се пресели на „Олд Трафорд“. Тој минатата сезона постигна 30 гола на 54 натпревари во дресот на Севилја.

Се вчитува...