Висенте Болуда ќе го предизвика Флорентино Перез во трката за претседател на Реал Мадрид

Висенте Болуда, поранешен претседател на клубот, официјално ја објави кандидатурата за прв човек на Реал Мадрид на изборите што треба да се одржат во 2020 година. Тој ќе го предизвика Флорентино Перез на клупските избори.

Болуда кус период беше на претседателската функција откако оставка поднесе Рамон Калдерон во 2009 година. Потоа на чело на „кралскиот клуб“ по вторпат застана Флорентино Перез, кој и претходно беше познат како човек кој ги создаде познатите „галактикоси“.

Перез во првото „владеење“ купи дел од најголемите светски ѕвезди како Зинедин Зидан, Луиш Фиго, Роналдо, Роберто Карлос, Дејвид Бекам, а потоа истото го повтори и со Рикардо Кака, Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Марсело, Лука Модриќ, Тони Крос…

 

Се вчитува...