Виси пласманот на Аргентина на СП 2018: Само реми со Перу… (ВИДЕО)

Неверојатно интересен финиш на квалификациите во Јужна Америка за пласман на СП 2018… Аргентина во претпоследното коло ремизираше без голови со Перу на свој терен, по што и тоа како се големи шансите Аргентинците да не ги гледаме на Мундијалот во Русија.

Меси и компанија не успеаја да стигнат до триумф, и наспроти огромна поддршка на „Ла Бомбониера“ во Буенос Аирес.

За пласман на СП, Аргентина ќе мора да брка победа на гостувањето против Еквадор во последното коло, но ќе мора да подгледнува и во резултатите на останатите средби.

Во синоќешните квалификациски дуели немаше голови и на натпреварите Боливија – Бразил и Венецуела – Уругвај, додека Чиле со 2-1 го совлада Еквадор. Само првопласираните четири репрезентации обезбедуваат пласман на СП, а петтата од квалификациите ќе игра бараж.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2018 – ЈУЖНА АМЕРИКА

ТАБЕЛА: Бразил 38 бода, Уругвај 28, Чиле 26, Колумбија 26, Перу 25, Аргентина 25, Парагвај 24, Еквадор 20, Боливија 14, Венецуела 9 бода.

ПОСЛЕДНО КОЛО (11. октомври – 01:30 часот)

Бразил – Чиле

Еквадор – Аргентина

Парагвај – Венецуела

Перу – Колумбија

Уругвај – Боливија

Се вчитува...