Висла Плоцк преку пенали до четвртфинале во ЛШ

Ракометарите на Висла Плоцк во еден трилер натпревар по изведување на пенали успеаја да го елиминираат францускиот Нант и да се пласираат во четвртфиналето од годинашното издание на Лигата на шампионите.

Откако првиот меч одигран во Полска заврши 32-32 ова реми на крајот се покажа како доволно за Французите. Полјаците направија вистинска глупост откако на десет секунди имаа гол предност (24-25), но нивниот тренер Хавиер Сабате одлучи да игра седум на шест по што примија гол и натпреварот заврши 25-25, што значеше дека тимот кој ќе се пласира меѓу најдобрите осум ќе го дознаеме по изведувањето на пенали. Таму сепак подобри беа Полјаците кои славеа со 5-4 и се пласираа во четвртфиналето. Ајмерик Мин со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените по четири постигнаа: Луцин, Михиќ, Гунтин и Перез.

Висла во четвртфиналето за противник ќе го има германскиот Магдебург.

Во вториот натпревар од денешната понуда Динамо Букурешт со гостинска победа над Кил од 31-32 се збогуваше од годинашното издание на Лигата на шампионите. Во преостанатите два натпревари од оваа рунда кои ќе се играат утре се среќаваат: Веспрем – Пик Сегед и Гог Алборг.

Се вчитува...