Максимални турбуленции во редовите на новиот прволигаш Гостивар уште на самиот старт на сезона.
Факт е дека и негативните резултати, трите порази во исто толку натпревари, оставаат трага во Гостивар, па очигледно раководството на клубот е постојано во потрага по решенија. Пред неделниот натпревар со Брегалница, од тимот си заминаа Фахрудин Ѓурѓевиќ, Зехрудин Мехмедовиќ и Ѓорѓи Танушев, а по поразот во Штип од клубот пред заминување се уште четири летни засилувања, Амир Билал, Едиз Спахиу, Мустафа Мујезиновиќ и Ремзифаик Селмани, кој беше стрелец на единствениот гол против Брегалница.
Во меѓувреме, пак, гостиварци се засилија со Мухамед Елмас, кој беше претставен по стартот на новата сезона.
Гостивар веќе утре го очекува дуелот од 4. коло против Работнички на домашен терен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА