Вистински хит: Кинеските на СП трчаа штафета во спротивна насока поради невиден кикс… (ВИДЕО)

Кинеската женска штафета е вистински хит на социјалните мрежи откако направи неверојатна грешка во финалето на трката од 4х100 метри на Светското првенство во Доха.

Кинеските погрешија при последната замена, а потоа настана вистински хаос. Кога видоа дека некоректно ја предадоа палката двете атлетичарки решија да се вратат назад, па некако дојде како да се натпреваруваат во спротивна насока… Не сакаа да застанат носени од желбата да ја завршат трката како би се квалификувале за Олимписките игри. Но, во целиот тој хаос на крајот судиите повторно одлучија дека не ја предале добро палката па беа дисквалификувани.

Се вчитува...