Вистинско лудило: Нокаутираше на терен тројца противници од ‘чиста мира’ (ВИДЕО)

Шокантна минута го одбележа полуфиналето од аргентинскиот регионален куп. Вистинско „лудило“ доживеа Мартин Коста.

Тимот на Хулио губеше со убедливи 5-0 од Клуб Атлетико, па фудбалерите на Хулио се повеќе беа нервозни на терен. Во момент на исклучување на еден од фудбалерите на Хулио поради лош старт, на теренот Мартин Коста комплетно се изгуби приредувајќи срамен инцидент.

Најпрво противникот кој лежеше на терен го удри со бокс во лице, а потоа додека го оддалечуваа нокаутираше уште двајца. Веќе се најавува дека Коста ќе биде доживотно суспендиран од фудбалската игра…

 

Се вчитува...