Витсел: Испишавме историја, но можевме и да го освоиме трофејот

Фудбалската репрезентација на Белгија стигна до бронзата на Светското првенство во Русија. Во малото финале, Белгијците вчера ја совладаа Англија со 2-0, со головите на Томас Муние и на Еден Азар. Испишана е историја, но Аксел Витсел смета дека „црвените ѓаволи“ можеле и повеќе.

„Напишавме историја на белгискиот фудбал. Тоа е факт, но останува и мојот личен впечаток дека можевме повеќе, да го освоиме мундијалскиот трофеј. Имавме моменти на слабост против Франција и тоа беше кобно за нас. Англија ја победивме сосема заслужено во мечот за третото место, а мислам дека најдобриот натпревар го одигравме против Бразил“, изјави Витсел.

Се вчитува...