Деле Али во минатото беше голема желба на Реал Мадрид и Барселона, а сега на само 26-годишна возраст се наоѓа пред премин во турски Бешикташ. За Англичанецот нема место во Евертон и плановите на Френк Лампард па во обид да спаси уште една сезона ќе замине на позајмица.
Повремениот англиски репрезентативец никогаш не го исполни својот потенцијал, а работите можеа да бидат спротивни доколку го послушаше Жозе Мурињо. Имено, по објавата за трансфер во Турција на социјалните медиуми се појави видео од средба со Португалецот кога двајцата беа дел од Тотенхем на кое стратегот го советува фудбалерот да вложува повеќе во себе, инаку ќе жали во иднина.
„Сега имам 56 години, а вчера, вчера имав 20. Времето брзо минува. Еден ден мислам дека ќе се каеш доколку не го постигнеш тоа што можеш да го постигнеш. Не очекувам од тебе да бидеш најдобриот играч на секој натпревар, не очекувам да постигнеш гол на секој натпревар. Сакам да ти кажам дека мислам дека ќе жалиш. Треба да бараш повеќе од себе. Не јас да барам повеќе од тебе. Не јас, никој друг. Ти. Ти треба да бараш повеќе од себе“, велеше Мурињо.
Ова не е прв пат Жозе Мурињо да ја предвиди иднината. Така беше и по времето поминато во Манчестер Јунајтед кога отворено говореше за ситуцијата во клубот, велејќи дека со тие играчи клубот ќе продолжи да тоне. Тогаш беше цел на критики, но со оглед на тоа каде се денеска „црвените ѓаволи“, а и каде заминува Али мора да му се даде признание на „Специјалниот“.
If you don’t love Jose Mourinho after watching this video, then you must be related to Players like Dele Alli and Paul Pogba who never listened..
— Ibukun Aluko (@IbkSports) August 16, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА