Владата ги награди фудбалерите со по 10.000 евра за пласманот на Европското првенство

Владата на вечерашната седница донесе одлука од буџетските резерви да им се исплати награда на македонските фудбалери од по 10.000 евра за пласманот на Европското првенство.

Информацијата ја објави премиерот Зоран Заев, кој упати и честитки за историскиот успех. Македонија успеа да се квалификува на Евро шампионатот, откако ја совлада Грузија со 0-1 со голот на Горан Пандев.

Се вчитува...