Владата наскоро ќе ја одобри продажбата на Челси

Конзорциумот на чело со американскиот милијардер, Тод Боили ќе добие одобрение од владата на Велика Британија за купување на фудбалскиот клуб Челси.

Како што пренесуваат англиските медиуми, тоа треба да се случи во следните 24 часа, откако добиле законска потврда дека Роман Абрамович нема да има корист од продажбата на клубот која ќе чини околу 4,25 милијарди фунти.

Приходот од продажбата ќе оди на замрзната сметка која ќе ја контролира британската влада. Абрамович по 19 години веќе нема да биде сопственик на Челси. Во овој период клубот од Лондон освои 21 титула меѓу кои и две во Лигата на шампионите.

Се вчитува...