Владимир Глигоров ја продолжува тренерската кариeра во Либан

Поранешниот селектор на женската ракометна репрезентација на Македонија, Владимир Глигоров, тренерската кариера ќе ја продолжи во Либан. Глигоров во ноември треба да ја преземе екипата на Ал Садака, а во комбинација е и селекторски ангажман на македонскиот тренер во репрезентацијата на Либан.

„Од ноември продолжувам со тренерската работа во Либан. Веднаш по семинарот  за ЕХФ Мастер лиценца на 1 ноември во Загреб, патувам за Бејрут. Таму ќе работам со машка, а од оваа година и со женска екипа. Треба да се договориме и за мојот ангажман во нивната репрезентација. Имаше опција да заминам и во ОАЕ, но после два месеци чекање, не се договоривме и тој ангажман останува отворен евентуално за следната сезона“ – вели Владимир Глигоров.

Се вчитува...