Владимир Мицов: Имав повик да играм за Македонија, но не сакав тоа да биде само од инает кон Србија

Поранешниот репрезентативец на Србија, кошаркарот Владимир Мицов, член на златната генерација на Србија која стигна до младинското европско злато, пред само една недела официјално објави крај на својата богата играчка кариера.

Во мега-интервју за „Моцарт“, Мицов сега открива дека после 2014 година, откако ја напушти српската репрезентација поради конфликт со тогашниот селектор Александар Ѓорѓевиќ, имал повик да игра за Македонија но, како што вели, немал сила и потреба да игра за друга репрезентација после српската.

„Нешто не ми дозволуваше да играм за друга земја. Јоца Арсиќ ме повика да играм за Македонија кога беше селектор, но не чувствував потреба да играм за друга репрезентација ако веќе не ме викаат за Србија. Тоа би било само инает. Имав повик да играм и за Црна Гора. Во прашање се репрезентации кои не направија резултат на меѓународно ниво и не сакав да играм за нив само колку да играм. Тоа би било само инает кон Србија“ – вели Мицов.

Мицов минатата сезона ја одигра во Будуќност, а претходно во својата богата кариера играше за Олимпија Милано, Галатасарај, ЦСКА Москва, Канту, Каха Лаборал, Паниониос, Партизан, Лајонс и ОКК Белград.

Се вчитува...