Влахо: Ќе биде тежок дуел со Борец, но мораме на победа

По две седмици пауза поради репрезентативните настапи, Работнички денеска во 25. коло од ПМФЛ го пречекува тимот на Борец, кој е шестопласиран на табелата, со идентичен број бодови (33) како и „романтичарите“

Шефот на стручниот штаб Александар Влахо вели дека Работнички квалитетно ја искористил мини – паузата во шампионатот.

„Борец е цврст тим, имаат исто бодовно салдо како и Работнички и нема да биде лесно да се совлада. Го почитувам колегата Борче Христов, мислам дека неговата екипа умее одлично да игра на резултат и не се сомневам дека не очекува тежок и неизвесен натпревар. Ние одработивме еден вид мини – подготовки за време на репрезентативната пауза, се подготвивме, се освеживме, одигравме и пријателски натпревар против Ренова. Бевме без четворица фудбалери кои имаа репрезентативни обврски, Јанков, Лука Станковски, Максимов и Тодоровски, но, сепак, видов многу добри елементи во играта, а секако исправивме и одредени грешки. Очекувам да одиграме квалитетен натпревар, на домашен терен конечно да го покажеме целиот потенцијал и да оствариме успех“ – вели шефот на стручниот штаб, Александар Влахо.

ПРВА ЛИГА – 25. КОЛО (денеска, 15 ч.)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ

Битола: ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР

Тетово: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС

Скопје: ШКУПИ – РЕНОВА

Струга: СТРУГА ТЛ – БЕЛАСИЦА

ВЧЕРА

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ 1-2

Се вчитува...