Влахо: Тврд меч во Струга, реално реми

Шефот на стручниот штаб на Работнички, Александар Влахо искажа задоволство, на крајот, од ремито на неговиот тим на гостувањето против Струга ТЛ по кое „романтичарите“ активно ја продолжуваат битката за третото место на табелата кое носи на европската сцена следната сезона.

Стратегот на „романтичарите“ истакна дека домашните во првото полувреме доминирале за заслужена предност, но во вториот дел неговиот тим успеа да израмни во еден тежок, тврд, натпревар.

„Во првото полувреме имавме доста проблеми околу поставеноста на играта во средниот ред. Струга постојано имаше играч вишок, беа доминанти и затоа го постигнаа водечкиот гол по една наша грешка. Во второто полувреме се консолидиравме и имавме неколку ситуации и за пресврт. Во секој случај, тврд натпревар каков што очекувавме. Двете екипи силно ги посакуваа бодовите во борбата за европски излез, но на крај се чини реално реми“ – ни изјави Влахо по дуелот со стружани.

Се вчитува...