Влахо: Во последните две кола шанса ќе добијат оние со помала минутажа

Шефот на стручниот штаб на Работнички, Александар Влахо вели дека во последните две кола шанса во тимот ќе добијат оние фудбалери со помала минутажа во досегашниот тек од првенството.

„Романтичарите“ се на петтата позиција на табелата без посеризно можности во битката за Европа, а сигурни од позициите за опстанок…

„Задоволен сум од изданието против Вардар, имавме контрола над играта и резултатот иако се појавија слабости при прекин на игра. Тоа се сегменти на кои посветуваме посебно внимание, но повторно имаме проблеми во одредени ситуации на натпреварот. Сепак, доминиравме и успеавме да стигнеме до победа со која го осигуравме пласманот. Во наредните две кола до крајот на првенството ќе продолжиме да играме во максимален ритам, а шанса ќе добијат фудбалерите кои досега имаа послаба минутажа. Работнички секогаш мисли на иднината и мора навреме да го селектираме тимот и за следната сезона“ – вели Александар Влахо за официјалната интернет страница на клубот.

Во следното коло, Работнички на домашен терен го пречекува Силекс.

Се вчитува...