Влаховиќ донесе победа на Јувентус, а Алегри повторно го критикува: Мора да напредне…

Јувентус се пласираше во полуфиналето од Купот на Италија откако на домашен терен славеше со 3-2 против Сасуоло во натпревар во кој одлучувачкиот гол го постигна Душан Влаховиќ. Србинот при крајот на мечот одлично се отвори во простор, со дриблинг успеа да се ослободи од противникот, а потоа имаше и среќа бидејќи шутот се одби од дефанзивецот на гостите и се протна во мрежата.

И покрај добрата изведба српскиот репрезентативец повторно беше критикуван од тренерот Масимилијано Алегри кој вели дека напаѓачот мора да напредне во својата игра.

„Душан мора да напредне исто и како другите играчи. Мора да игра „почисто“ во стилот на игра кој го практикува и повеќе да го напаѓа просторот. Тоа е нормален процес за секој играч“, вели Алегри кој потоа се осврна и кон натпреварот

„Натпреварот беше практично готов и имавме среќа со шансата во самата завршница. Вистина е дека во второто полувреме успеавме да створиме повеќе шанси и добро е што успеавме да победиме“

Во полуфиналето „страта дама“ ќе се сретне против Фиорентина, доскорешниот клуб на Влаховиќ каде навивачите немаат љубов за српскиот интернационалец кој оваа зима се одлучи да ја промени средината.

Се вчитува...