Влаховиќ доживеа вистински пекол на „Артемио Франки“ – Навивачите на Фиорентина со свирежи го поздравија Србинот (ВИДЕО)

Јувентус и гостува на Фиорентина во првиот натпревар од полуфиналниот двомеч во Копа Италија. Навивачите на тимот од Фиренца му приредија вистински пекол на нивниот поранешен миленик Душан Влаховиќ.

Србинот во зимскиот преоден рок ја напушти Фиорентина и се пресели во Торино, по што веднаш беше прогласен за предавник од страна на навивачите на „виолетовите“. Тие вечерва на „Артемио Франки“ го поздравија со свирежи по неговото излегување на теренот.

 

 

Се вчитува...