Влаховиќ му донесе победа на Јувентус против Салернитана (ВИДЕО)

Јувентус со победа над Салернитана заминува на пауза во првенството поради репрезентативните обврски. Најтрофејниот италијански тим без многу проблеми дојде до трите бода денеска на свој терен, благодарение на Душан Влаховиќ.

Србинот во 5. минута му асистираше на Дибала за водство на Јуве, а потоа самиот го постигна вториот гол во 29. минута за конечните 2-0. Со тоа Јувентус се доближи на еден бод до Интер и четири до Наполи на второто место.

Во вториот натпревар Емоли и Верона одиграа без победник 1-1. Ди Франческо донесе водство за Емполи, а потоа Симеоне промаши пенал, за Канчелиери во 71. минута да го израмни резултатот.

Се вчитува...