Влаховиќ на пат кон „Етихад“, Гвардиола воодушевен од него

Иако во јавноста излезе информација дека напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ има усмен договор со Јувентус, сепак, од ден на ден стигнуваат нови информации околу неговиот трансфер.

Србинот е на мета на многу клубови, по импресивните настапи сезонава во Серија „А“. Освен Сити и Јуве, за него се интересираат и Арсенал, Атлетико, Милан…

Влаховиќ е денеска „главна тема“ на Островот, откако се појави информација дека Пеп Гвардиола, тренерот на „граѓаните“ е импресиониран од Влаховиќ, и тоа ќе биде најсилен адут во ангажманот.

Арсенал вчера наводно испратил понуда од 85 милиони евра, меѓутоа претходно Влаховиќ кажал дека не сака да оди на „Емирати“.

Се вчитува...