Влаховиќ прва мета, но Јувентус има и план „Б“

Душан Влаховиќ продолжува да биде прва трансфер цел на Јувентус за зимскиот преоден рок, но на „страта дама“ нема да и биде лесно да го доведе српскиот интернационалец во своите редови со оглед на големите барања на Фиорентина.

Доколку не дојде до посакуваниот трансфер клубот од Торино има и две алтернативи. Едната е фудбалерот на Сасуоло Џанлука Скамака кој оваа сезона на 17 одиграни натпревари постигна пет погодоци во противничката мрежа, а втората е Ентони Марсијал.

Французинот е и поверојатната опција бидејќи и самиот бара заминување од Манчестер Јунајтед по доаѓањето на Кристијано Роналдо, но и во прилог на 26-годишникот е и собраното искуство од настапите во Лигата на Шампионите и во меѓународните натпревари за „триколорите“.

Се вчитува...