Влаховиќ: Важни се головите, но јас сакам и повеќе да помагам на тимот

Душан Влаховиќ вчера дебитираше со гол за Јувентус, погоди против Верона после само 13 минути игра. По рутинската победа на Киве од 2-0 се чини дека тимот од Торино заврши одлична работа со купувањето на српскиот интернационалец Душан Влаховиќ од таборот на Фиорентина во јануарскиот преоден рок.

Србинот на маестрален начин го лобуваше голманот на Верона и донесе водство од 1-0 за својот тим.

„Важно беше да се добие овој натпревар, затоа што секогаш е тешко после репрезентативната пауза, посебно на психолошки план. Морам да се заблагодарам до соиграчите и тренерот кои ми помогнаа многу во претходните денови. Се обидувам колку што можам побрзо да сфатам како се работи тука. За еден напаѓач најважно е да постигнува голови, но јас сакам генерално да ја подобрам играта и да му помагам на тимот колку што е можно повеќе и во други сегменти“, изјави Влаховиќ.

Покрај Влаховиќ, гол за Јувентус вчера постигна и Закарија кој исто така пристигна во клубот во јануарскиот преоден рок.

 

 

Се вчитува...