Власиќ донесе три бода за Торино на гостувањето кај Верона

Торино славеше со 1-0 против Верона во 35. коло од Серија А. Единствениот гол на натпреварот беше дело на хрватскиот интернационалец Никола Власиќ кој ја затресе мрежата во 29. минута на асистенција на Санабрија.

Торино и покрај новите три бода останува на осмата позиција на табелата со 49 освоени бодови, додека за Верона продолжува битката за опстанок со 30 освоени бодови, исто колку што има и Специја.

Се вчитува...