Македонскиот фудбалски стратег, Влатко Андоновски повеќе не е селектор на женската репрезентација на САД, објави „ЕСПН“.
Андоновски се раздели со репрезентацијата на САД по разочарувачкиот настап на Светското првенство во Австралија и Нов Зеланд, кое Американките го завршија уште во осминафиналната фаза. Тоа беше најраното испаѓање во историјата на женската репрезентација на Америка.
Сепак, Андоновски нема да чека многу за следната работна позиција. Македонецот е кандидат за тренерската позиција на Канзас Сити. Андоновски на селекторската позиција на САД беше назначен во 2019 година, но оттогаш не успеа да дојде до трофеј со оваа репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА