Влетаа на терен на финалето, сега ќе лежат затвор

Руските власти експресно одржаа судење и им одредија казни на четирите лица кои влетаа на теренот во второто полувреме од големото финале на СП 2018 меѓу Франција и Хрватска.

Мечот накратко беше во прекин, обезбедувањето на крајот ги фати Олга Курачев, Олга Пактучова, Вероника Никулшина и Пјотр Вјерзилов, по што против нив беше покрената судска постапка по скратена постапка. Судот им одреди на четирите лица затворска казна од по 15 дена, воедно и тригодишна забрана од присуство на спортски настани.

„Жал ни е што за момент ги запревме спортистите, но ФИФА е вклучена во нечесна игра. Оваа организација е пријател со претседателот на државата што врши репресија, што ги прекршува човековите права“ – изјави Олга Курачев по изречената пресуда против неа.

Се вчитува...