Во Англија нема веќе да се бришат топките пред изведување аути

Сите англиски лиги, освен Премиер-лига и Чемпионшип, во иднина ќе се придржуваат до правилата што ги изгласаа клубовите, со што практично ќе се оневозможи бришење на топката пред изведување аути.

Здружението на англиските фудбалски лиги (ЕФЛ) донесе одлука дека од следната сезона играчите нема да можат да користат крпаили нешто слично за да ја бришат топката, доколку е влажна, и со тоа да си го олеснат изведувањето на аути.

Сите клубови кои не се под капата на ФА изгласаа забрана за бришење на влажните топки во следните сезони.

Сите љубители на фудбалот добро ги паметат нафрлувањата кои славниот Рори Делап редовно им ги даваше на соиграчите од аут, а играчи со солидни фрлачки карактеристики се среќаваат и во овие англиски лиги.

Се вчитува...