Во Арсенал бесни на ВАР судијата, ова може да биде одлучувачко за титулата

Фудбалерите на Арсенал направија кикс на свој терен не успеаја да го победат Брентфорд, освојувајќи само еден бод, па така денеска Манчестер Сити има шанса да намали од разликата во битката за титулата.

Долго Арсенал го кршеше отпорот на гостинот, а Тросар во 66. минута ја затресе мрежата. Осум минути подоцна Ајван Тони успеа да израмни.

Токму голот на Тони беше анализиран за можен офсајд, и одлуката беше дека голот важи, а требало да биде понитеш. Асистентот на голот Норгард беше во длабок офсајд во миговите кога топката беше нафрелана, и тоа веројатно му „избега“ на ВАР судијата Леј Мејсон.

Работата да биде полоша, Мејсон на главниот судија му сигнализираше дека погодокот е регуларен, додека на гледачите не им беше покажана линијата на офсајдот.

Се вчитува...