Во Арсенал им се ‘лоши’ од соблекувалните на нисколигашот Сатон, а се подобри од наша Прва лига

Арсенал го доби нисколигашот Сатон за противник во следното коло од ФА купот на Англија, и медиумите на Островот веднаш отворија тема дека на „топчиите“ им се гади од соблеклувалните каде ќе мораат да се подготват за настап. Секако, и стадионот на Сатон не нуди којзнае какви стандарди за одигрување на врвни натпревари, но тоа е и убавината на најмасовното фудбалско натпреварување во Англија.

saton

Од друга страна, кога нашите фудбалери од Првата лига ќе ги погледнат соблекувалните на Сатон, сигурно дека можат да се согласат дека тие нудат подобри услови од некои од македонските прволигашки клубови. За жал…

Се вчитува...