„Во Чави ги гледам Пеп Гвардиола и Луис Енрике“

Чави по шест години поминати во Катар се врати во редовите на Барселона, но овој пат на тренерската позиција. Шпанскиот стратег веќе десет дена работи во каталонскиот тим, а дел од играчите не ги криеја импресиите од легендата на клубот.

Еден од нив е и ѕвездата во подем, Ерик Гарсија кој новиот тренер го спореди со Пеп Гвардиола и Луис Енрике.

„Чави е вистинскиот човек за Барселона во овој момент. Тој е купска легенда и многу добар тренер. Во Чави ги гледам Пеп Гвардиола и Луис Енрике. Неговиот менталитет преминува на играчите и го развива карактерот, што е многу важно“, изјави Гарсија.

Дваесетгодишникот помина четири години со Пеп Гвардила во Манчестер Сити, а две години е дел од шпанската репрезентацијата предводена од Луис Енрике.

Се вчитува...