Во Чемпионшип беше постигнат „најпацерскиот“ гол на сите времиња (ВИДЕО)

Интересна ситуација се случи на натпреварот од Чемпионшип лигата меѓу Дерби Каунти и Бормут. Домаќините на крајот стигнаа до триумф од 3-2 во еден прекрасен натпревар, но гостите на 1-1 израмнија со можеби „најпацерскиот“ гол на сите времиња.

Од голманот на Дерби, преку неговите соиграчи, па до играчите на Бормут се беше чиста комедија, во која на крајот некако успеа да се снајде Џејдон Антони и да израмни на 1-1. Сепак, и ваквиот гол не беше доволен за гостинскиот тим да освои бодови.

 

 

Се вчитува...