Во Динамо Загреб максимална внимателност: Седлоски во самоизолација!

Поранешниот тренер на Вардар, Гоце Седлоски, сега тренер на вториот тим на Динамо Загреб, заедно со уште неколку фудбалери е во самоизолација во Загреб.

Вториот тим на Динамо Загреб ги почна подготовките за новата сезона но без Седлоски. Од клубот максимално сериозно ги спроведуваат мерките за заштита од коронавирусот, па поради тоа сите кои изминатиов период дојдоа во Загреб од странство ќе мора во карантин. Бидејќи Седлоски за време на паузата беше во Македонија, сега ќе биде најпрво во самоизолација а во текот на следната недела треба да ја преземе работата на тренинзите со тимот.

Во Динамо Загреб се максимално внимателни затоа што, како што е познато, од УЕФА најавија дека секој тим кој летово ќе се натпреварува во европските клупски натпреварувања ќе биде тестиран пред секој меч. Ако има и еден позитивен, тимот службено го губи натпреварот со 0-3, а тоа во претквалификациите значи и испаѓање бидејќи ќе се игра по само еден натпревар.

Се вчитува...